Денеска во Тетово протест за пожарот во Модуларната болница

Денеска во 12 часот пред Основниот суд во Тетово ќе се одржи протест за правда и утврдување одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој пред две години изгореа 14 лица. .

Роднините на загинатите и тетовци преку социјалните мрежи го организираа денешниот протест поттикнат од содржината на документарниот филм на Лабораторијата на истражувачки новинари со наслов „Убиство во Тетово“.

ИРЛ го реконструираше случајот, сподели документи и докази, објави детали за тендерот за изградба на модуларни болници, за сомнежите од какви материјали се направени тие објекти, за сомнежите за несоодветна градба и лоша електрична инсталација.

За овој случај имаше обвинителен акт и пресуда. Обвинителот ги гонеше двајцата поранешни директори на тетовската болница и лекарот одговорен за модуларниот објект. Но не за причините за пожарот, за противпожарна заштита во објектот.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага, а се работи за тоа како е изработен тендерот за изградба на сите модуларни објекти, дали се вградени сите материјали наведени во техничката спецификација и како е изведбата. Случајот е под истрага веќе неколку месеци