Ова е бедно! Се појави видео кое ги разбесни фудбалските фанови: Незаборавна будалештина во режија на Винисиус! (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор по којзнае кој пат ги налути фудбалските фанови ширум светот со своето однесување.

Во возбудливиот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите, по нереален пресврт, Реал го совлада Баерн Минхен со резултат 2:1 и со тоа избори пласман во големото финале со вкупни 4:3.

По мечот во центарот на вниманието беше мадридскиот ас Винисиус, но не поради одличната игра на теренот, туку поради недоличното однесување.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Бразилецот се обидува да го испровоцира својот ривал Џошуа Кимич. Во финишот на мечот, асот на Баерн му ја донесе топката на Винисиус за што побрзо да го изведе корнерот, а Бразилецот се обиде со сите сили да украде време и да го испровоцира својот ривал.

Кимич ја донесе топката во свои раце, но Винисиус не сакаше да ја земе. Потоа намерно ја испушти и тргна кон шеснаесетникот.

Винисиус веќе подолго време е на удар на навивачите поради неговото грубо и провокативно однесување на теренот.