Дрејк одлучи да се повлече од музичката сцена на одредено време.
Дрејк откри дека има стомачни проблеми кои ќе го тргнат целосно од сцената една година, можеби и подолго, додека целосно не заздрави.
Светски познатиот рапер Дрејк објави дека привремено се повлекува од јавната сцена поради здравствени причини.
– Морам да се фокусирам пред сè на моето здравје. Со години имам проблеми со стомакот – изјави тој.
Рече дека ќе се затвори во своето студио една година, можеби и подолго.
– Ќе ја заклучам вратата од студиото на некое време. Можеби една година… можеби помалку – рече тој.
Да потсетиме, раперот неодамна доживеа непријатност на настап кога еден од присутните го гаѓаше со телефон.