Познатиот рапер се повлекува од јавната сцена: Се бори со овие здравствени проблеми кои го спречуваат да работи (ФОТО)

Дрејк одлучи да се повлече од музичката сцена на одредено време.

Дрејк откри дека има стомачни проблеми кои ќе го тргнат целосно од сцената една година, можеби и подолго, додека целосно не заздрави.

Светски познатиот рапер Дрејк објави дека привремено се повлекува од јавната сцена поради здравствени причини.

– Морам да се фокусирам пред сè на моето здравје. Со години имам проблеми со стомакот – изјави тој.

Рече дека ќе се затвори во своето студио една година, можеби и подолго.

– Ќе ја заклучам вратата од студиото на некое време. Можеби една година… можеби помалку – рече тој.

Да потсетиме, раперот неодамна доживеа непријатност на настап кога еден од присутните го гаѓаше со телефон.