Сите видоа како го фати момчето во прељуба! Јулијана објасни: Моето момче и најдобрата пријателка – Јас сум уништена (фото)

Јулијана Лима од Бразил објави видео на TikTok во кое објасни како го фатила своето момче како ја изневерува додека пребарувала на Google Maps, а видеото стана вирално и собра повеќе од 9,4 милиони прегледи.

Таа објасни како видела автомобил на Гугл кој поминува во близина на нејзината куќа и снима за опцијата „Street view“, а потоа решила да отиде на „Гугл мапс“ за да види по кој пат се движи автомобилот. На нејзино изненадување, таа го видела своето момче како вози мотор со друга девојка, па решила да ги следи.

Во еден момент ги изгубила, па почнала да ги истражува околните улици.

,,Помина покрај улицата каде што исто така мене ме водеше. Секогаш го посетувавме тој мал плоштад. Во тој момент помислив дека сум само параноична, дека не може да биде тој”, рекла таа и потоа ја покажала сцената што ја нашла на Street View, пренесува Index.hr.

На крајот од видеото, нејзиното момче беше прикажано како ја потпира главата во скутот на друга девојка на клупа, а тиктокеркатанпотоа откри: „Тоа беше моето момче и мојата најдобра пријателка. Скршен сум“.