На Халкидики синоќа е убиен Баграини Орхаин (39), познат бизнисмен од Скопје и сопственик на казино, а еден маж (45) е повреден.
Според првите информации, пукањето се случило околу 3 часот и 30 минути кога засега непознати лица со пиштоли фантомки испукале неколку истрели кон бизнисменот во Ханиоти и побегнале.
Како што пренесуваат медиумите во Грција, напаѓачите избегале со мотор.
Орхаин починал на лице место, додека неговиот пријател бил итно пренесен во болница и не се знае неговата состојба.
Полицијата го истражува случајот.