ПОЗНАТ МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН УБИЕН НА ХАЛКИДИКИ: Напаѓачите со фантомки отвориле оган кон него и побегнале! Повреден е неговиот пријател (ВИДЕО)

На Халкидики синоќа е убиен Баграини Орхаин (39), познат бизнисмен од Скопје и сопственик на казино, а еден маж (45) е повреден.

Според првите информации, пукањето се случило околу 3 часот и 30 минути кога засега непознати лица со пиштоли фантомки испукале неколку истрели кон бизнисменот во Ханиоти и побегнале.

Како што пренесуваат медиумите во Грција, напаѓачите избегале со мотор.

Орхаин починал на лице место, додека неговиот пријател бил итно пренесен во болница и не се знае неговата состојба.

Полицијата го истражува случајот.