„Длабокоа размислете, ќе ја направите најголемата грешка во вашата историја“: Кадиров им испрати страшни зборови на Израелците – ќе ве чини илјада пати повеќе

Кадиров до Израелците: Размислете пред да ја направите најфаталната грешка во историјата.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и добро да размисли пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат.

– Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека со неа можат да прават што сакаат, тие се во тешка заблуда – напиша Кадиров во објава на својот канал Телеграм.

– Не ги провоцирајте луѓето. Не се потсмевајте и не ги охрабрувајте муслиманите ширум светот да возвратат. Ќе ве чини илјада пати повеќе од потенцијалната добивка на која се надевавте. Размислете пред да ја направите една од најголемите и најфатални грешки во вашата историја – додаде тој.

Според него, Израел си дозволува премногу и „се заканува да избрише цел народ од картата“.

Чеченскиот лидер претходно го обвини Западот за двојни стандарди во арапско-израелскиот конфликт. Тој смета дека ситуацијата на Блискиот Исток би била поинаква доколку другите шефови на држави, по примерот на рускиот претседател Владимир Путин, ја почитуваат религијата и ја штитат од напади и дека во тој случај конфликтот би се избегнал.