Дали е ова најлошата симулација? Репрезентативецот на Англија на столбот на срамот! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Англија ја совладаа Италија со 3:1 во Лондон во 8. коло од квалификациската група Ц и со тоа се пласираа на Европското првенство.

Италијанците треба да одредат следниот патник на дуелот со Украина во ноември.

Сепак, еден детаљ од овој натпревар особено им падна во очи на фудбалските фанови. И воопшто не е пријатно за оние кои го сакаат спортот.

Во дуел беа Кристанте и Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец падна како покосен, се фати за лицето и се обиде да изнуди црвен картон. Се испостави дека италијанскиот фудбалер го турна својот ривал во пределот на градите, можеби недоволно за да падне.

Неразбирлива ситуација, особено во ера кога ВАР постои долго време и може да ја прикаже секоја ситуација од повеќе агли.