Дали сакате да уживате на лулашка во морето? Посетете ја плажата која се наоѓа недалеку од Неум

Доколку решивте да го поминете викендот на Јадранот и се упативте кон единствениот град во БиХ на море, тогаш треба да ја посетите и плажата Морачна.

Плажата Морачна се наоѓа на полуостровот Клек, кој го затвора заливот Неум. Најмногу се наоѓа во Босна и Херцеговина, а самиот врв Клек е дел од Хрватска.

Овде ќе ве пречека песочна плажа и залив со недопрена природа и маслинови градини, кој за една атракција е побогат од минатата сезона. Станува збор за лулашка во море, која е идеално место за совршена фотографија од море.

Ако досега мислевте дека лулашките во морето се резервирани само за егзотични локации, се лажете. Сега можете да уживате во овој вид на активност на плажа, која е на дофат.

Покрај лулашката, прекрасно уредената плажа во Морачна нуди обезбедени паркинг места, лежалки со чадори, изнајмување кајаци, кануа и педалинки, а дополнителната забава ќе ја комплетира аква паркот.

Исто така, неодамна има и бар на плажа, кој е идеален кога сакате да се освежите со пијалок. Доколку сте во близина, дефинитивно вреди да се посети и да го поминете денот на оваа прекрасна плажа. Нема да зажалите.