Претседателот на Русија, Владимир Путин, се уште не најавил учество на изборите во 2024 година, откри денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој истакна дека се уште не е започната предизборната кампања во Русија.
„Владимир Путин се уште не зборувал за тоа, а самата кампања не е официјално објавена“, вели Дмитриј Песков.
Повикувајќи се на неименувани извори, медиумската агенција Reuters претходно објави дека Владимир Путин ќе се кандидира за изборите во 2024 година, а подетално на оваа тема можете да прочитате ОВДЕ.