Потпаролот на Кремљ открива дали Владимир Путин повторно ќе се кандидира за претседател на Русија на изборите во 2024 година

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се уште не најавил учество на изборите во 2024 година, откри денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој истакна дека се уште не е започната предизборната кампања во Русија.

Владимир Путин се уште не зборувал за тоа, а самата кампања не е официјално објавена“, вели Дмитриј Песков.

Повикувајќи се на неименувани извори, медиумската агенција Reuters претходно објави дека Владимир Путин ќе се кандидира за изборите во 2024 година, а подетално на оваа тема можете да прочитате ОВДЕ.