По ова видео од Саудиска Арабија, малку појасно ќе стане зошто фудбалерите одат во оваа земја.
Познатиот фудбалер Фабињо (29) од Ливерпул замина во Саудиска Арабија, потпиша за Ал Итихад и таму веќе почнаа да му прават изненадувања.
По натпреварот против Ал Раед, навивачите го чекаа пред стадионот. Еден од нив беше воодушевен од играта на Бразилецот и му подари Ролекс, а фудбалерот не можеше да поверува што се случува.
Имено, поранешниот ас на Ливерпул се упатил кон излезот и тогаш му се јавил еден навивач. На видеото се гледа дека постои јазична бариера, но тоа брзо било решено кога човекот го извадил часовникот и му го ставил на раката на Фабињо.
Погледнете го моментот:
Бразилецот остана во шок, не можеше да се „освести“. Дури и часовникот му падна на земја, па брзо го подигна и покажа дека сè е во ред и не е оштетен.