По натпреварот, навивачот на фудбалерот му подари скап Ролекс: Поранешниот ас на Ливерпул се изненади – Од возбуда му падна часовникот (ВИДЕО)

По ова видео од Саудиска Арабија, малку појасно ќе стане зошто фудбалерите одат во оваа земја.

Познатиот фудбалер Фабињо (29) од Ливерпул замина во Саудиска Арабија, потпиша за Ал Итихад и таму веќе почнаа да му прават изненадувања.

По натпреварот против Ал Раед, навивачите го чекаа пред стадионот. Еден од нив беше воодушевен од играта на Бразилецот и му подари Ролекс, а фудбалерот не можеше да поверува што се случува.

Имено, поранешниот ас на Ливерпул се упатил кон излезот и тогаш му се јавил еден навивач. На видеото се гледа дека постои јазична бариера, но тоа брзо било решено кога човекот го извадил часовникот и му го ставил на раката на Фабињо.

Погледнете го моментот:

Бразилецот остана во шок, не можеше да се „освести“. Дури и часовникот му падна на земја, па брзо го подигна и покажа дека сè е во ред и не е оштетен.