Жестоко ја навреди српската естрада – Карлеуша по објавувањето на новиот албум распали на овие колешки (фото)

Јелена Карлеуша, една од најголемите ѕвезди во регионот, во неделата го објави својот нов албум „Алфа“. Содржеше 10 песни, од кои едната беше дует со Милица Павловиќ. Интересно, ова е прв дует во кариерата на Милица и Јелена во кој гласовите ги вкрстија со друга пејачка, а не со пејач.

Концептот на албумот, музиката и текстот во повеќето песни се од поинаков карактер од она што имавме можност да го видиме во досегашната кариера на Јелена.

Реакциите за албумот се длабоко поларизирани, но ние сме навикнати на тоа кога е Карлеуша во прашање. Додека едни сметаат дека ,,кралицата на скандалите” не го испорачало тоа што го најавила, други сметаат дека „Алфа“ ни донела револуционерен звук каков до сега не е виден на нашите простори. Последниве потсетуваат дека секој албум на Карлеуша бил различен и дека секогаш имало сродни души кои непрестано ги слушаат новите песни, а дека токму тие, хејтерите, најмногу ги нервираат истите песни но и тие постојано танцуваат на нив.

По два дена, Карлеуша се огласи на својот Инстаграм профил каде ги сумираше првите впечатоци од албумот и неговиот прием кај публиката.

– Ефектот на Карли силно ,,мава”! Еве ви се обраќам за првпат по објавувањето на новиот албум. Ви благодариме за рекордниот стрим, за рекордните прегледи, милиони коментари… Целиот концепт на албумот, по редослед на сите песни и ова видео, кое тешко дека некогаш ќе го направи некој на овие простори во однос на продукцијата и идеи, е дизајниран да ги помести границите на локалната музика и правилата на шоу-бизнисот на Балканот. Тоа се очекуваше од мене. Верувам дека има многу на кои им треба време да ја разберат музиката која е пред своето време и која е светски тренд, но така било со мене и балканските стриктури и примитивизам. На Балканот, особено во Србија, во последниве години има шокантно зголемување на трешот и сенди во музиката, поплава од бугарски гадости од пет параметри, евтини девојки аматери во фустани од 3 денари и музичка продукција од Таџикистан – почнува Јелена.

– Србија и Балканот мора да одат напред и да не дозволат бугарскиот турбо треш да биде нешто што некој го слуша, освен тајно во 4-те ѕида од нивната соба. Музиката мора да оди напред, мора да биде во чекор со светската продукција, а зошто да не бидеме и подобри од останатите во светот! Ова е албум издаден од најголемиот музички гигант во светот – универзален, и на овој начин ги ставаме Србија и Балканот на мапата на светските случувања. Речиси 30 години ги поместував границите на тврдоглавиот балкански менталитет и никој никогаш не можеше да ме спречи. И сега, сега не поместувам граници, сега ги рушам!! Големите дела и големите успеси бараат и голема храброст, храброст да се турка напред! Кој сака да живее во минатото нека има инаетливи ставови на сељаци и нека слуша ефтин турбо фолк за кој немам ништо против ама барем нека биде убавони скапо! И сите останати одиме напред! Србија покажува дека може да има светска продукција и звук од светска класа, светски изведувачи и визија што светот ќе ја следи! Уживајте, слушајте нови песни и убави работи допрва следуваат – заклучува Јелена.