Скандал! Полицајката Џенана објави слика од убиената Низама со посвета: Луѓето се згрозени, тврдат дека била љубовница на чудовиштето! (фото)

Полицајката од Босна и Херцеговина, Џенана С., е осомничен дека на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ му ја открил локацијата на сопругата и нивното бебе, со што им ги загрозил животите.

Работата да биде уште полоша, на денот на убиството на Низама Хеќимовиќ, таа објави своја фотографија на Фејсбук!

Сулејмановиќ, бодибилдер кој бил познат личен тренер во Градачац, ја уби својата сопруга Низама во петокот додека сето тоа го пренесувал во живо на Инстаграм, а потоа уште двајца мажи, татко и син од Тутин.

Во својот крвав пир пукаше во уште 3 луѓе.

Четири дена пред ова монструозно злосторство, Низама го пријавила насилникот во полиција и се сокрила во станот на нејзината тетка, а полицијата поднела барање за забрана за приближување до судот, кој одбил да ја определи оваа мерка.

Монструмот ја пронашол Низама, ги киднапирал неа и детето, а откако брутално ја претепал, додека ја снимал целата работа, ја застрелал во челото, а нивното дете го оставил да лежи во локви крв.

Покрај Сулејмановиќ, уште две жени ја почувствувале огромната омраза на луѓето од целиот регион – Џенана С., полицаец, која е осомничена дека му ја дала локацијата на Низама, и судијката Лејла С., која не изрече забрана за задржување.

Она што дополнително ги разбесни сите е објавата на полицајката на денот на убиството на Низами. Таа објави црно-бела слика и напиша: „Низама Хеќимовиќ! И име и презиме, крв и месо, со срце и душа...“.

Џенана, инаку, се претставува како борец за правата на жените и против семејното насилство, а корисниците на социјалните мрежи ја критикуваа нејзината дволичност и тоа што му помогнала на монструмот да ја пронајде неговата сопруга и да убие повеќе луѓе.

Полицајката моментално е надвор од границите на БиХ, односно на одмор во Италија, а сега и’ се заканува суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сослушување.

Обемно досие

Сулејмановиќ бил осуден за разни кривични дела, меѓу другото, монструмот бил осуден пред околу 15 години за обид за убиство, а тоа сигурно го знаела Селимовиќ.

– Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди – соопштија претходно од Обвинителството ТК.