Пожарот кај село Соколарци сѐ уште активен, го гасат три ер-трактори и хеликоптер

 Пожарот кај селото Соколарци е сѐ уште активен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека сувата трева гори многу бргу, а ветрот што почнува да дува, го носи огнот на разни страни.

– Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од локалните села, ангажирани се три ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, делуваше и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Во секој момент треба да пристигне уште еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, појасни Ангелов.

Тој истакна дека даваат сѐ од себе, пожарот да биде ставен под контрола.