ВИДЕО | ТРАНСФЕР БОМБАТА ЕКСПЛОДИРА! Нејмар официјално во Ал Хилал! Ова е неговата плата

БРАЗИЛСКАТА суперѕвезда Нејмар пристигна во Саудиска Арабија. Неговиот нов клуб Ал Хилал преку специјално видео на социјалните мрежи официјално го потврди доаѓањето на 31-годишниот крилен напаѓач од ПСЖ. Во споменатото видео Нејмар во син дрес вели: „Јас сум овде, во Саудиска Арабија, јас сум Хилал“.

Фабрицио Романо пишува дека таткото на Нејмар и агентот Пини Захави преговарале со Саудиецот. Бразилецот потпиша договор на две години, без опција за продолжување. Според информациите на Романо, во тој период со сите бонуси би можел да заработи 400 милиони евра.