Трамп најави дека в понеделник ќе објави докази за „изборна измама“ во Џорџија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека в понеделник ќе објави извештај за „изборната измама“ што наводно се случила во државата Џорџија во 2020 година.

„Голем, сложен, детален и непобитен извештај за измамата на претседателските избори што се случија во Џорџија наскоро ќе биде завршен и ќе го презентирам на голема прес-конференција в понеделник во 11 часот во Бедминстер, Њу Џерси“, најави Трамп. на неговата социјална мрежа Тру Сошал (True Social). Тој додаде дека сите обвиненија против него и другите треба да бидат отфрлени.

Големата порота во американската сојузна држава Џорџија го обвини Трамп за обид да ја поништи неговата загуба од демократот Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година.