АЛАРМАНТНО ВО ГЕРМАНИЈА: Речиси 15.000 луѓе ќе бидат евакуирани од своите домови!

Во германскиот град Дрезден е пронајдена бомба.

Во германскиот град Дрезден при ископувања е пронајдена неексплодирана американска бомба од Втората светска војна, поради што има потреба од евакуација на најмалку 15.000 луѓе, соопшти денеска полицијата.

– Станува збор за воздушна бомба од американско производство од 250 килограми – се наведува во соопштението.

Бомбата треба да се деактивира на лице место, а неутрализацијата ќе започне попладне.

Според извештајот, дотогаш од околните згради ќе треба да бидат евакуирани до 15.000 луѓе, пренесува Спутник.

Во опасната зона има два домови за стари лица, пишува весникот и додава дека ќе се преземат мерки за безбедност на пациентите, а сообраќајот ќе биде запрен за никој да не биде загрозен.

Според извештајот, во целата акција учествуваат 385 полицајци.