Дали Пике ќе може да ги гледа децата? Шакира со синовите се пресели во Мајами, а сега се откриени нови детали

Откако Шакира и нејзините деца се преселиле на другата страна на Атлантскиот Океан, обожавателите се прашуваат дали малите ќе го видат својот татко

Колумбиската пејачка Шакира неодамна ги потврди пишувањата на медиумите дека со синовите Милан и Саша се преселила во Мајами .
Откако со години живееше во Барселона поради љубовта со Жерар Пике и желбата на своите деца да им пружи стабилен семеен живот, таа по разделбата со него повеќе не сакаше да остане во Шпанија.

Затоа таа се врати на другата страна на Атлантскиот Океан, каде што живееше пред да го запознае каталонскиот фудбалер, а навивачите сега се прашуваат што значи тоа за односот на Пике со неговите синови .

Според шпанскиот спортски весник Марка , адвокатите на Жерар Пике веќе се во контакт со адвокатскиот тим на Шакира за да ја договорат првата посета на фудбалерот кај децата во Америка .
Се очекува да го направи своето прво патување во Мајами кон крајот на април.

До неодамна, на играчот на Барселона му беше дозволено, пишува La Vanguardia , да поминува 30 отсто од своето време со своите деца , додека Милан и Саша 70 отсто од времето го поминувале со својата мајка. Тоа значи дека малечките се со татко им околу 10 дена во месецот и делумно за време на летниот распуст .

Покрај тоа, Europa Press пишува дека родителите на Шакира, Вилијам и Нидија, ја напуштиле Шпанија поради нивните здравствени проблеми и ѝ се придружиле на нивната ќерка во Америка.

Во изминативе неколку дена папараците фотографираа како пумпи за кислород и бројни медицински помагала кои Вилијам Мубарак ги користел изминатиот период како се изнесуваат пред куќата на пејачот во Барселона. Инаку, неодамна беше објавено дека мајката на Шакира доживеала мозочен удар , што Колумбијката не го објави.