Редовно консумирајте ги овие намирници и ослободете се од лошиот холестерол

Зголеменото ниво на холестерол негативно влијае на здравјето на срцето и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Постојат бројни фактори кои влијаат на нивото на холестерол, а исхраната секако е еден од нив.

Вклучувањето на здрава храна во секојдневната исхрана игра клучна улога, а конзумирањето на некои од нив може да придонесе за намалување на холестеролот.

Мешунките

Мешунките, како што е леќата, играат важна улога во одржувањето на здравото ниво на холестерол. Тие содржат растворливи влакна кои управуваат со холестеролот така што се врзуваат за честичките на холестеролот во дигестивниот систем и ги отстрануваат од телото пред да почнат да циркулираат во крвта.

Печурки

Печурките содржат мешавина од моќни врски како бета-глукан и хитин, кои помагаат да се намали лошиот холестерол додека потенцијално го зголемува добриот холестерол. Според мета-анализата објавена во American Journal of Medicine, по евалуација на седум студии, резултатите покажале дека консумирањето печурки може да има корисни ефекти врз нивото на HDL и LDL холестеролот, пренесува Eat This, Not That.

Масна риба

Масните риби, како што се сардините и скушата, може да имаат својства за намалување на холестеролот бидејќи содржат посебен вид на омега-3 EPA (еикозапентаенонска киселина) и DHA (докосахексаеноична киселина).

Јачмен

Јачменот е добар извор на диетални влакна, витамини и минерали, особено корисен за здравјето на срцето, варењето и одржувањето на урамнотежена исхрана.

Боровинки

Боровинките се познати како овошје кое го намалува нивото на холестерол благодарение на нивната висока содржина на растворливи влакна и антиоксиданси. Растворливите влакна во боровинки помагаат да се намали количината на LDL холестерол во крвотокот. Исто така, антиоксидансите во боровинките, како што е антоцијанот, ја спречуваат оксидацијата и акумулацијата на холестеролот во ѕидовите на артериите.