ШЕСТ ГОДИШНО МОМЧЕ ИМА ГУМЕНО ТЕЛО: Ова фасцинантно мало дете успеало да влезе во Гинисовата книга на рекорди, а ОВА е неговата следна ЦЕЛ

Гаган Сатиш, шестгодишно дете од Индија, има тело како гума. Го прави она што ретко кој може да го направи – како да е од гума, се спушта речиси до земја и така се вози на ролери. Овој мал „лимбо-ролер“ успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди минувајќи под 39 паркирани автомобили за околу 30 секунди! Без ниту една гребнатинка .

„Сите ме сакаат. Кога видоа што правам, моите пријатели почнаа вака да возат ролери “, вели ова мало момче , кое се занимава со ролери од својата тригодишна возраст. Вели и дека следна цел му е да помине под 100 автомобили! Неговиот татко е пресреќен што има таков син и верува дека „Господ го благословил“ да може да направи такво нешто. Мајката додава дека кога виделе колку е флексибилно неговото тело, решиле да ангажираат личен тренер кој го научил да се тркала во лимбо.