Лојд Остин, секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), денес пристигна во ненајавена посета на Киев.
Целта на посетата на Лојд Остин е да се увери Киев за „непоколебливата“ поддршка на Вашингтон пред руската инвазија.
„Лојд Остин денес отпатува во Украина за да се сретне со украинските лидери и да ја зајакне непоколебливата поддршка на САД за украинската борба за слобода“, се вели во краткото соопштение на Пентагон.
Посетата не беше најавена од безбедносни причини.