ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПЕНТАГОН ВО НЕНАЈАВЕНА ПОСЕТА НА УКРАИНА – Каква порака сака да испрати Вашингтон до Киев !?

Лојд Остин, секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), денес пристигна во ненајавена посета на Киев.

Целта на посетата на Лојд Остин е да се увери Киев за „непоколебливата“ поддршка на Вашингтон пред руската инвазија.

Лојд Остин и Володимир Зеленски на една од претходните средби
Лојд Остин и Володимир Зеленски

Лојд Остин денес отпатува во Украина за да се сретне со украинските лидери и да ја зајакне непоколебливата поддршка на САД за украинската борба за слобода“, се вели во краткото соопштение на Пентагон.

Посетата не беше најавена од безбедносни причини.