ФОТО/ВИДЕО | ЗАПАЛЕНИ ПРАТЕНИЧКИТЕ КЛУПИ, А ОД ДИМНИ БОМБИ НЕ СЕ ГЛЕДА ПРСТ ПРЕД ОКО – Нова драма во Албанија: Парламентот како бојно поле

Нови инциденти во Парламентот на Албанија, каде денес во рок од пет минути со мнозинство гласови беше усвоен Буџетот за 2024 година, но седницата ја одбележаа пратениците од опозицијата кои активираа димни бомби, јавува ABC News.

Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата направија барикади од столчињата, а потоа активираа димни бомби.

Опозициските пратеници се обиделе да ја блокираат говорницата со столчиња, но обезбедувањето ги спречило, по што опозиционерите Газмент Барда и Рамадан Лика се судриле со обезбедувањето.

Седницата траела околу пет минути, а Буџетот бил начелно изгласан, бидејќи немало расправа, бидејќи Собранието беше во чад, а во еден момент избувна и мал пожар.

На оваа седница присуствуваше и премиерот на Албанија, Еди Рама, но набрзо ја напушти.