Разорен земјотрес утрово ја погоди Јапонија, а за помалку од 15 минути се регистрирани три нови земјотреси.
Најсилната, според првичните информации, била 7,5 степени според Рихтеровата скала.
#Earthquake (#地震) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M7.1 || 67 km NE of #Nanao (#Japan) || 9 min ago (local time 16:10:12). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/BmYUkRYtkn
— EMSC (@LastQuake) January 1, 2024
Како што соопштија од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот земјотрес бил со јачина од 5,5 степени, по што следел разорните 7,5, а потоа трет земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Јапонските власти во понеделникот издадоа предупредување за големо цунами по серијата силни земјотреси кои ги погодија западните области.
Earthquake In Japan 🗾
— ѕαи∂у𝕏 (@Santhoxh_) January 1, 2024
pic.twitter.com/O740jRqg2f
Јапонската метеоролошка агенција извести за земјотрес што ги погоди Ишикава и околните префектури и соопшти дека едниот бил со прелиминарна јачина од 7,5 степени.
Breaking News: Major Earthquake in Japan. Widespread shaking in Japan. Tsunami is reaching one after another. pic.twitter.com/RxDhOOs64Q
— 🇯🇵Naoemon Japan (@woiiw) January 1, 2024
Јапонската јавна телевизија NHK TV предупреди дека поројната вода може да достигне до 5 метри и ги повика луѓето што поскоро да побегнат на повисоките места или на врвот на блиската зграда.
🚨🇯🇵BREAKING: SERIES OF STRONG EARTHQUAKES HIT JAPAN | EVACUATIONS ORDERED
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 1, 2024
Authorities warn of potential 5-meter (16.5-feet) tsunami waves, urging immediate evacuation to high ground or tall buildings.
Source: AP https://t.co/LSuWX0rkM6 pic.twitter.com/GPO1pq3NXT
Хокурику Електрик Пауер соопшти дека проверува дали има какви било неправилности во нејзините нуклеарни централи.