Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија! Издадено предупредување за цунами: ВЕДНАШ ТРЧАЈТЕ КОН ВРВОТ НА НАЈБЛИСКАТА ЗГРАДА (ВИДЕО)

Разорен земјотрес утрово ја погоди Јапонија, а за помалку од 15 минути се регистрирани три нови земјотреси.

Најсилната, според првичните информации, била 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Како што соопштија од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот земјотрес бил со јачина од 5,5 степени, по што следел разорните 7,5, а потоа трет земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Јапонските власти во понеделникот издадоа предупредување за големо цунами по серијата силни земјотреси кои ги погодија западните области.

Јапонската метеоролошка агенција извести за земјотрес што ги погоди Ишикава и околните префектури и соопшти дека едниот бил со прелиминарна јачина од 7,5 степени.

Јапонската јавна телевизија NHK TV предупреди дека поројната вода може да достигне до 5 метри и ги повика луѓето што поскоро да побегнат на повисоките места или на врвот на блиската зграда.

Хокурику Електрик Пауер соопшти дека проверува дали има какви било неправилности во нејзините нуклеарни централи.