Овој трагичен настан ја направи посилна!
Пејачката Весна Ѓогани помина низ тежок период во 2011 година кога во третиот месец од бременоста спонтано абортираше. Таа и Ѓоле Ѓогани тешко ја поднесоа оваа загуба на бебето.
– Бев многу депресивна откако го изгубив моето бебе. Зедов еден куп лекови и не можев да направам ништо. Имав дури и тетратка во која запишував која терапија ја земам. Додека лежев во болница, видов и постари и помлади жени како се борат со разни проблеми. Мислев колку ние, жените, се бориме со разни гинеколошки маки во животот, но што има, има – искрено изјави Весна, а потоа се наврати на првото породување:
Баш кога почнавме да работиме, забременив. Ѓоле малку зборуваше: „А, па каде баш сега!“ По породувањето се променив, но добив нови стравови. Бев во постпородилна депресија првите шест месеци. Епидуралот го поднесов многу тешко, цела бев лигава и не смеев да гледам лево или десно само право. Бев многу несреќна а толку многу го сакав бебето што тоа беше лудило. Го дојам детето, а солзи ми течат по лицето.
За време на бременоста се здебелила, па како што велат поради вишокот килограми се криев од луѓето на секој чекор.
– Во бременоста се здебелив 30 килограми. Кога излегов, требаше да се вратам меѓу девојките кои се 10 години помлади од мене и кои се слаби. Излегов од породилиштето низ подрум за никој да не ме види. Сето тоа ми беше навистина стресно, а во втората бременост се здебелив половина повеќе. Помеѓу го имав тој спонтан абортус. Сега, кога ќе се сетам низ што поминав, не се чувствувам добро, но донекаде ме зацврсти – заклучува пејачката.