ПРОЗБОРЕ ЗА ЗАГУБАТА НА БЕБЕТО! Весна Ѓогани беше во депресија: „Пиев грст лекови, солзите сами ми течеа по лицето“

Овој трагичен настан ја направи посилна!

Пејачката Весна Ѓогани помина низ тежок период во 2011 година кога во третиот месец од бременоста спонтано абортираше. Таа и Ѓоле Ѓогани тешко ја поднесоа оваа загуба на бебето. 

– Бев многу депресивна откако го изгубив моето бебе. Зедов еден куп лекови и не можев да направам ништо. Имав дури и тетратка во која запишував која терапија ја земам. Додека лежев во болница, видов и постари и помлади жени како се борат со разни проблеми. Мислев колку ние, жените, се бориме со разни гинеколошки маки во животот, но што има, има – искрено изјави Весна, а потоа се наврати на првото породување:

Баш кога почнавме да работиме, забременив. Ѓоле малку зборуваше: „А, па каде баш сега!“ По породувањето се променив, но добив нови стравови. Бев во постпородилна депресија првите шест месеци. Епидуралот го поднесов многу тешко, цела бев лигава и не смеев да гледам лево или десно само право.  Бев многу несреќна а толку многу го сакав бебето што тоа беше лудило. Го дојам детето, а солзи ми течат по лицето.

За време на бременоста се здебелила, па како што велат поради вишокот килограми се криев од луѓето на секој чекор.

– Во бременоста се здебелив 30 килограми. Кога излегов, требаше да се вратам меѓу девојките кои се 10 години помлади од мене и кои се слаби. Излегов од породилиштето низ подрум за никој да не ме види. Сето тоа ми беше навистина стресно, а во втората бременост се здебелив половина повеќе. Помеѓу го имав тој спонтан абортус. Сега, кога ќе се сетам низ што поминав, не се чувствувам добро, но донекаде ме зацврсти – заклучува пејачката.