Во раните утрински часови на улицата „Краљевица Марка“ во Врање се слушнале истрели. Според неофицијални информации има повредени.
Од Обвинителството за српските медиуми потврдиле дека во тепачката што и претходела на пукањето учествувале шест лица, а во престрелката тројца се повредени.
За среќа повредите биле полесни и на сите им била укажана лекарска помош. Неофицијално, уапсен е и човекот кој пукал. Истрагата е во тек.