ПУКАЊЕ ВО ВРАЊЕ: Тројца повредени откако биле застрелани со огнено оружје

Во раните утрински часови на улицата „Краљевица Марка“ во Врање се слушнале истрели. Според неофицијални информации има повредени.

Од Обвинителството за српските медиуми потврдиле дека во тепачката што и претходела на пукањето учествувале шест лица, а во престрелката тројца се повредени.

За среќа повредите биле полесни и на сите им била укажана лекарска помош. Неофицијално, уапсен е и човекот кој пукал. Истрагата е во тек.