Швајцарската полиција трага по лице кое застрела две лица и повреди трето .
Ројтерс објави дека 36-годишен маж испукал неколку истрели на две различни локации во Сион , град со околу 35.000 жители во југозападна Швајцарија .
-Според првичните информации, сторителот на делото ги познавал жртвите – навела полицијата, посочувајќи дека се уште не се познати мотивите за пукањето.
Се вели дека полицијата го опишала човекот како „опасен“ и го предупредила населението да не му приоѓа или да се соочува со него .
Британската агенција наведува дека Швајцарија, земја со околу девет милиони жители , има висок процент на жители кои поседуваат огнено оружје .
Организацијата „Small Arms Survi“, која ги следи светските трендови во вооруженото насилство и со седиште во Швајцарија, проценува дека цивилите во таа земја поседуваат 2,3 милиони вакво оружје .
Полицијата го бара Себастијан Робин (36) и ги повика сите кои имаат какви било информации за него да се јават.