ПУКАЊЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА! Двојно убиство, рането трето лице, полицијата трага по убиецот, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до населението (ФОТО)

Швајцарската полиција трага по лице кое застрела две лица и повреди трето .

Ројтерс објави дека 36-годишен маж испукал неколку истрели на две различни локации во Сион , град со околу 35.000 жители во југозападна Швајцарија .

-Според првичните информации, сторителот на делото ги познавал жртвите – навела полицијата, посочувајќи дека се уште не се познати мотивите за пукањето.

Швајцарската полиција, Швајцарија

Се вели дека полицијата го опишала човекот како „опасен“ и го предупредила населението да не му приоѓа или да се соочува со него .

Британската агенција наведува дека Швајцарија, земја со околу девет милиони жители , има висок процент на жители кои поседуваат огнено оружје .

Организацијата „Small Arms Survi“, која ги следи светските трендови во вооруженото насилство и со седиште во Швајцарија, проценува дека цивилите во таа земја поседуваат 2,3 милиони вакво оружје .

Полицијата го бара Себастијан Робин (36) и ги повика сите кои имаат какви било информации за него да се јават.