– Фудбалерите на Манчестер сити пристигнаа во репрезентацијата на Англија три дена по освојувањето на Лигата на шампионите.
Селекторот на англискиот тим Герет Саутгејт повика пет играчи од таборот на „граѓаните“ – Кајл Вокер, Џон Стоунс, Џек Грилиш, Фил Фоден и Калвин Филипс.
Денес прес-службата на репрезентацијата на Англија објави заедничка фотографија од играчите со натпис: „Нашите победници“.
Во сабота, на 11 јуни, Манчестер Сити го победи Интер (1:0) во финалето на Лигата на шампионите и стана победник на турнирот за прв пат во историјата. По враќањето во Англија во понеделникот на 12 јуни, „Граѓаните“ приредија славеничка парада.
Англичаните летово ќе одиграат два натпревари од евро-квалификациите, на гости против Малта на 16 јуни и на домашен терен против македонската репрезентација.