Репрезентативците од Манчестер Сити се приклучија на Англија три дена по освојувањето на ЛШ

 Фудбалерите на Манчестер сити пристигнаа во репрезентацијата на Англија три дена по освојувањето на Лигата на шампионите.

Селекторот на англискиот тим Герет Саутгејт повика пет играчи од таборот на „граѓаните“ – Кајл Вокер, Џон Стоунс, Џек Грилиш, Фил Фоден и Калвин Филипс.

Денес прес-службата на репрезентацијата на Англија објави заедничка фотографија од играчите со натпис: „Нашите победници“.

Во сабота, на 11 јуни, Манчестер Сити го победи Интер (1:0) во финалето на Лигата на шампионите и стана победник на турнирот за прв пат во историјата. По враќањето во Англија во понеделникот на 12 јуни, „Граѓаните“ приредија славеничка парада.

Англичаните летово ќе одиграат два натпревари од евро-квалификациите, на гости против Малта на 16 јуни и на домашен терен против македонската репрезентација.