Соопшти руското Министерство за одбрана
Руски патролни бродови уништија три украински беспилотни чамци кои се обидоа да ги нападнат во Црното Море , соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Нападот се случил синоќа на 340 километри југозападно од Севастопол.
Наведено е дека вооружените сили на Украина неуспешно се обиделе со три беспилотни да ги нападнат патролните бродови „Сергеј Котов“ и „Василиј Биков“ од Црноморската флота, кои извршувале контролни задачи за навигација во југозападниот дел на Црното Море. чамци , пренесува РИА Новости.
Сите три поморски беспилотни летала се уништени со оган од стандардното оружје на руските бродови.
Руското Министерство додава дека бродовите „Сергеј Котов“ и „Васили Биков“ продолжуваат да ги извршуваат своите задачи.