РУСИТЕ ПОТВРДИЈА: НАПАДНИ СМЕ! Украинците со беспилотни чамци погодија руски воени бродови кај Севастопол!

Соопшти руското Министерство за одбрана

Руски патролни бродови уништија три украински беспилотни чамци кои се обидоа да ги нападнат во Црното Море , соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Нападот се случил синоќа на 340 километри југозападно од Севастопол.

Наведено е дека вооружените сили на Украина неуспешно се обиделе со три беспилотни да ги нападнат патролните бродови „Сергеј Котов“ и „Василиј Биков“ од Црноморската флота, кои извршувале контролни задачи за навигација во југозападниот дел на Црното Море. чамци , пренесува РИА Новости.

Сите три поморски беспилотни летала се уништени со оган од стандардното оружје на руските бродови.

Руското Министерство додава дека бродовите „Сергеј Котов“ и „Васили Биков“ продолжуваат да ги извршуваат своите задачи.