Дејвид Камерон, новоименуваниот шеф на британската дипломатија , денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина .
Пристигнувањето на Камерон во Киев е негово прво патување во странство од неговото назначување за министер за надворешни работи .
– Сакав ова да биде моја прва посета. Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка што ви е потребна не само оваа и следната година, туку се додека е потребна – рече Камерон на средбата со Зеленски, соопштија од украинското претседателство.
Зеленски му се заблагодари на Камерон за неговата посета .
– Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина… поради кризата на Блискиот Исток – рече Зеленски.
🇬🇧🇺🇦 New British Foreign Minister David Cameron meets with Ukraine’s Volodymyr Zelenskyy in Kyiv.#Ukraine #Kyiv #Kiev #Zelensky #Zelenskyy #Britain #UK #Cameron pic.twitter.com/m8Nr2T2zLB
— Attentive Media (@AttentiveCEE) November 16, 2023
Тој изјави дека на состанокот со британската делегација се зборувало за „доставување оружје на фронтот, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на украинското население и основната инфраструктура“ .