„САКАВ ОВА ДА БИДЕ МОЈАТА ПРВА ПОСЕТА“: Камерон му вети на Зеленски во Киев продолжување на британската ВОЕНА ПОДДРШКА НА УКРАИНА

Дејвид Камерон, новоименуваниот шеф на британската дипломатија , денеска во Киев му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Велика Британија ќе продолжи да дава воена поддршка за Украина .

Пристигнувањето на Камерон во Киев е негово прво патување во странство од неговото назначување за министер за надворешни работи .

– Сакав ова да биде моја прва посета. Ќе продолжиме да ви даваме морална, дипломатска, економска, но пред се воена поддршка што ви е потребна не само оваа и следната година, туку се додека е потребна – рече Камерон на средбата со Зеленски, соопштија од украинското претседателство.

Володимир Зеленски, Дејвид Камерон

Зеленски му се заблагодари на Камерон за неговата посета .

– Ви благодариме што дојдовте, ова е многу важно. Светот не е фокусиран на ситуацијата на бојното поле во Украина… поради кризата на Блискиот Исток – рече Зеленски.

Тој изјави дека на состанокот со британската делегација се зборувало за „доставување оружје на фронтот, зајакнување на воздушната одбрана, заштита на украинското население и основната инфраструктура“ .