ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ВЛЕЗОТ ВО ЕРУСАЛИМ! Напаѓачите пристигнале со автомобил на контролниот пункт и пукале во Израелците, има МРТВИ И РАНЕТИ

Во престрелката што се случи утринава на контролниот пункт што го дели Западниот Брег од јужниот дел на Ерусалим, ранети се шест припадници на безбедносните сили, од кои еден е во критична состојба, а тројца напаѓачи се „неутрализирани“ .

Тајмс оф Израел наведува дека пукањето се случило на преминот „тунел“ кон Ерусалим .

Израел, војна во Израел, израелска полиција

Се наведува дека Брзата помош згрижила ранетите, а маж на 20-годишна возраст, кој е во критична состојба, е префрлен во болница во Ерусалим, каде лекарите се борат за неговиот живот .

Покрај ранетите припадници на израелските безбедносни сили, поради вознемиреност помош побарале и двајца цивили.

Израел, војна во Израел, израелска полиција

Службите за итни случаи соопштија дека тројцата напаѓачи биле убиени од безбедносните сили .

Полицијата соопшти дека биле „неутрализирани“ кога пристигнале со автомобил од Западниот Брег и отвориле оган врз израелските војници .