Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.
На официјалниот профил на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) на социјалната мрежа Х (Твитер) објавија дека епицентарот на земјотресот бил на 29 километри североисточно од Синџик.
Овој град, населен во главно со Курди, се наоѓа во југоисточната турска провинција Адијаман.