СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА – Епицентарот на потресот во близина на град населен со многу Курди во југоисточниот дел

Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.

На официјалниот профил на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) на социјалната мрежа Х (Твитер) објавија дека епицентарот на земјотресот бил на 29 километри североисточно од Синџик.

Овој град, населен во главно со Курди, се наоѓа во југоисточната турска провинција Адијаман.