Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди соседна Бугарија денес околу 18:20 часот по локално време, а истиот бил почуствуван и во источниот дел на Македонија.
Земјотресот се случил на околу 20 километри северно од градот Сандански.
Земјотресот е регистриран на 90 километри јужно од главниот град на Бугарија, Софија, на длабочина од 11 километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.