СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОТРЕСЕ СОСЕДНА БУГАРИЈА – Земјата се тресела со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а истиот почуствуван и во источниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди соседна Бугарија денес околу 18:20 часот по локално време, а истиот бил почуствуван и во источниот дел на Македонија.

Земјотресот се случил на околу 20 километри северно од градот Сандански.

Земјотресот е регистриран на 90 километри јужно од главниот град на Бугарија, Софија, на длабочина од 11 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.