Во напад на руски дрон оштетени се згради во близина на нуклеарната централа Хмелницки во западна Украина, а 20 лица се повредени.
Поради експлозиите, привремено е прекинато напојувањето на некои станици за следење на радијацијата, јавува Ројтерс.
BREAKING: Massive explosions near Ukraine’s Khmelnitsky nuclear power plant today after reported Russian strike. pic.twitter.com/8Qfy5AlYmf
— 𝕏 (@AlertChannel) October 25, 2023
– Непријателот ноќе ја нападна територијата во близина на нуклеарната централа Хмелницки. Од експлозијата оштетени се прозорците на административните и лабораториските згради. Повредени се 20 лица – објави украинското Министерство за енергетика на Телеграм.