СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ЈА ПОТРЕСЕА УКРАИНА: Цел на нападот најверојатно била нуклеарна централа 

Во напад на руски дрон оштетени се згради во близина на нуклеарната централа Хмелницки во западна Украина, а 20 лица се повредени.

Поради експлозиите, привремено е прекинато напојувањето на некои станици за следење на радијацијата, јавува Ројтерс.

– Непријателот ноќе ја нападна територијата во близина на нуклеарната централа Хмелницки. Од експлозијата оштетени се прозорците на административните и лабораториските згради. Повредени се 20 лица – објави украинското Министерство за енергетика на Телеграм.