Минатиот викенд се одржа прослава во Црна Гора, за која регионот сè уште зботува. Водителот Урош Божиќ на својот Инстаграм профил изјави дека прославата се одржала на брегот на морето и чинела дури еден милион евра, а гостите ги забавувале Лепа Брена и Слоба Радановиќ.
Како што пишуваат балканските медиуми, оваа манифестација е една од најскапите влашки прослави што некогаш биле организирани на овие простори. Се одржа во Добре Вода кај Бар, а целата плажа и хотел на морскиот брег беа резервирани за гостите на веселбата. Дека газдата не штедел пари за крштевката на внуците докажува и фактот што само украсите чинеле над 50.000 евра. Покрај традиционалната кујна, на менито имало морска храна, стек и највкусни деликатеси од целиот свет. Се послужуваше најскапиот шампањ, а сите гости јаделе со златен прибор.
Посебно се внимаваше кој ќе ги забавува гостите, па на забавата пееја Лепа Брена и Слоба Радановиќ кои со своите песни ја подигнаа атмосферата на највисоко ниво. Само за музика сопственикот дал повеќе од 120.000 евра.
Слоба ги воодушеви сите присутни и за тоа доби хонорар од 20.000 евра. По него за сума од 50.000 евра настапи една од најголемите романски машки ѕвезди Флорин Салам, а на крајот како шлаг на тортата се појави и Лепа Брена. И таа, како и нејзиниот колега од Романија, за овој настап доби 50.000 евра.
Познато е дека Брена не настапува често на приватни забави од ваков тип, но, според приказната на присутните, навистина направила спектакл.
Покрај хонорарот, на пејачката и’ бил платен авионски превоз, а престојувала во еден од најскапите хотели на црногорското приморје. На крајот од нејзиниот едночасовен концерт, огнометот го осветли целиот брег.