Слоба на својот Инстаграм профил сподели слика од актерот со моќен цитат што еднаш го кажа Жарко Лаушевиќ.
Легендарниот актер Жарко Лаушевиќ почина денеска во Белград на 63-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Од великанот се простија бројни познати личности, а меѓу нив беше и пејачот Слоба Радановиќ. Имено, Слоба на својот Инстаграм профил сподели слика од актерот со силен цитат што еднаш го кажа Лаушевиќ.
– Најди срце што ќе те сака кога си најлош и раце што ќе те чуваат кога си најслаб – е цитатот на Лаушевиќ што Слоба го објави на својата приказна со тажен емотикон во знак на жалост за смртта на Жарко.
Да потсетиме Жарко Лаушевиќ почина денеска, а веста за смртта на актерот ја потврди и неговата сопруга.
– Ја информираме јавноста дека денеска е 15 ноември 2023 година, нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана. Во име на семејството Анита Лаушевиќ – соопшти семејството, пренесе Танјуг.