Слоба Радановиќ се прости од Жарко Лаушевиќ! Пејачкот објави емотивен цитат, сите треба да ги запаметат овие зборови (фото)

Слоба на својот Инстаграм профил сподели слика од актерот со моќен цитат што еднаш го кажа Жарко Лаушевиќ.

Легендарниот актер Жарко Лаушевиќ почина денеска во Белград на 63-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Од великанот се простија бројни познати личности, а меѓу нив беше и пејачот Слоба Радановиќ. Имено, Слоба на својот Инстаграм профил сподели слика од актерот со силен цитат што еднаш го кажа Лаушевиќ. 

– Најди срце што ќе те сака кога си најлош и раце што ќе те чуваат кога си најслаб – е цитатот на Лаушевиќ што Слоба го објави на својата приказна со тажен емотикон во знак на жалост за смртта на Жарко.

Да потсетиме Жарко Лаушевиќ почина денеска, а веста за смртта на актерот ја потврди и неговата сопруга. 

– Ја информираме јавноста дека денеска е 15 ноември 2023 година, нашиот сопруг и татко Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. За датумот и местото на погребот јавноста ќе биде навремено информирана. Во име на семејството Анита Лаушевиќ – соопшти семејството, пренесе Танјуг.